Фејсбук статусот на актерот Сашо Тасевски ви го пренесуваме во продолжение:

Излегува вчера Николовски од ВМРО и пред куп новинари покажува докази дека оваа власт делела гратис пасоши на балкански нарко дилери поврзани со колумбиски картели, егзекуции, киднапирања, изнуди… Ги покажува доказите за издадените пасоши и се обраќа на новинариве: Има прашања? Имаше само едно.

Еј на ваков скандал, само едно прашање. Наместо да го бомбардираат со прашања не само него… А бе треба на чергиче пред врата да му спијат на Заев дома. На тој Обиџуко треба у врат да му дишат. Не смеат да ги пуштат да претнат по оваа глупост. Што мајка барале на челниците на најкрволочните и најмоќни европски нарко кланови како што се кавачкиот и шкаљарскиот клан, албанскиот, да им даваат македонски пасоши со кои некои подоцна биле фатени низ светов како извршители на убиства.

Капа доле за оние новинарии кои ја копаат приказнава, но молчењето на повеќето за ова, блиски на Заев е шокантно. Ќутат еј! Немаат прашања, не сакаат одговори.

Вчера сретнувам типче од една балканска амбасада кај нас, членка на ЕУ, го знам од 2017, шпиунче некое изгледа, ама ни оди муабетот, особено кога му кажувам државни тајни и ми вика за скандалов со пасошиве: Ова што го прават вашиве власти ми личи како намерно да ја пломбираат вратата пред ЕУ! Не може да се толку глупави! ( They can not be so stupid)… Ова се негови зборови. А бе и појше се глупи!

Излегува вчера Николовски од ВМРО и пред куп новинари покажува докази дека оваа власт делела гратис пасоши на балкански…

Posted by Sasho Tasevski on Thursday, April 8, 2021