На 15.03.2023 во 19.15 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство бил лишен од слобода Б.П.(59) од Скопје, затоа што околу 16.30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 18-годишна ќерка, при што употребил и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.