Очајно им требале пари за Новак да отпатува во Америка на јуниорски Гренд слем и Срѓан немал друг избор освен да земе пари од лихвар бидејќи ќе им пропаднел авансот што го уплатил.

Претходно, иако им ветил пари не им дал сопругот на Лепа Брена, Слободан Живоиновиќ.

Срѓан го опиша и разговорот со „зеленашот“.

Ти се брза-ме праша лихворот

Да, морам да купам карти за да не ми пропадне авансот-рекол Срѓан

Колку ти треба.

5.000 долари за два месеци

-Кај мене е каматата 12 посто месечно ама бидејќи ти се брза за тебе е 15-рекол лихварот.

Овие зборови предизвикале бес кај Срѓан и сакал да го претепа лихварот но сепак тоа не го направил

Му реков нема проблем. Ги зедов парите и дојдов дома. Влегов во тоалетот, се заклучив и почнав да кршам. На се прифатив бидејќи ми требаше за синот и неговата кариера. Да требаше за мене и мојот живот немаше да можат да ме тргнат од него и ќе му ја испиев крвта-се присети таткото на Ноле.