Жената која беше прегазена на улицата „Народен фронт“ во скопски центар, починала попладнево, велат од Ургентниот центар каде беше пренесена по сообраќајката.
ТРАГИТЕ ОД КРВ СЀ УШТЕ СЕ ВИДЛИВИ: Возач со голема брзина удрил пешак во Капиштец
МВР сѐ уште трага по возачот, кој ја прегази жената која е на возраст од околу 75 години, и избега.
На улицата на пладне беше видлива крв и скршен ретровизор. Полицијата сѐ уште врши увид на местото на несреќата.
