ТЕЦ Неготино стана дел од државната компанија ЕСМ. Информацијата за спојувањето на двете државни друштва е објавен вчера на Македонска беза.

Според она што го пишува во известувањето од ЕСМ, АД ТЕЦ Неготино е избришана од централниот регистат на 29 февруари годинава, а имотот преминува во сопственост на ЕСМ.Во информацијата се додава дека и основната главнина на ЕСМ е зголемена со издавање на 32.311.373 обични акции. Една обична акција има вредност од 1.000 денари.