-Сè уште е истата болест. Имаме причина да веруваме дека мерките што ги презедовме досега ќе бидат ефективни против овој вид, рече Тегнел за АФП, додавајќи дека сè уште има сомнежи и загрижености за тоа колку ефикасни ќе бидат постојните вакцини. против омикрон.
Во Шведска досега се потврдени четири случаи на омикрон, два во Стокхолм, еден во Јонкопинг и еден во јужната провинција Скане. Сите тие се поврзани со патување во Јужна Африка.
Во Шведска, од денеска организаторите на јавни настани со повеќе од 100 луѓе, пред се во културниот, спортскиот и забавниот сектор, мора од учесниците да побараат сертификати за вакцинација или да воведат дополнителни мерки, како што се ограничен број учесници.
Мерката не се однесува на ресторани, кафулиња, продавници, училишта, јавен превоз и јавни институции. Иако бројот на заразени се зголеми во последните денови, Шведска сè уште има една од најниските стапки на инфекции и смртност во Европа. Вкупно 20 лица починаа од ковид-19 во последните седум дена.
Во болниците има 291 пациент кои боледуваат коронавирус, од кои 41 се на интензивна нега. 79 отсто од луѓето над 12 години се вакцинирани со две дози.