Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Се разговарало за актуелната несреќа и за можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи. Испратени се пораки за обединување и сила за справување со последиците од трагичниот настан. Во овие моменти остануваме обединети и одлучни во борбата против корупцијата, промена на системот и одговорност за причинителите на несреќата.
Владата на денешната седница ќе донесе одлука за 7 дневна жалост поради трагедијата во Кочани
Владата на денешната седница која ќе се оддржи во 16 часот ќе донесе одлука за седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани. Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани.
Трагедијата во Кочани ги обиколи светските медиуми.