Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска имал телефонски разговор со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, при што му честитал за стапувањето на должноста и му посакал успешен мандат.
Двајцата претседатели разговараа за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија.
-Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Македонија за негово интензивирање во наредниот период, се наведува во денешното соопштение од Кабинетот на шефот на државата Пендаровски.
Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, двајцата претседатели разговараа и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период.