Во понеделникот во 4:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред ноќен клуб во скопски Центар се случила физичка пресметка меѓу 29-годишниот А.Т. и 20-годишната И.С., двајцата од Скопје.

Според пријавата, И.С. се однесувала агресивно и кон полициските службеници додека тие извршувале службени дејствија.

Од СВР Скопје соопштија дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.