На 14.09.2023 во 15.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница на улиците „Браќа Ѓиновски“ и „Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната гостиварка Ѓ.Р., удрило во велосипед што го управувал 56-годишниот гостиварец Е.М..

Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.