Тешка сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила се случи вечерва во скопската населба Ѓорче Петров.

Според првичните информации, се судриле неколку автомобили, при што е предизвикана значителна материјална штета. Снимки објавени на социјалните мрежи го покажуваат обемот на оштетувањата.

Поради несреќата, сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато.

Се очекува пристигнување на полициски екипи на местото на настанот.

Засега нема информации за повредени или загинати лица.