Две лица загинаа, а пет се повредени во тешка соообраќајна несреќа која денеска околу 12:30 часот се случила на експресниот пат А3 Кочани Штип во близина на с.Чешиново.

Според првичните информации на МВР, во несреќата учествувале три возила.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко моторно возило „голф“ со кочански регистарски таблици, патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски таблици и „цитроен“ со винички регистарски таблици. На местото на несреќата починале две лица, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Кочани, велат за Курир од МВР.

Во несреќата, првично, со повреди се здобиле пет лица кои се  пренесени во Кочанската болница.

Увидот на местото на несреќата во присуство на јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани е во тек.