Во несреќата, информираат од полицијата, учествувале автомобил „опел корса“, управуван од М.С.(29) од Скопје и автомобил „тојота јарис“, управуван од А.Д.(28) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата М.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Сопатникот во возилото „тојота“, Ј.Д.(71) од Скопје, исто така, се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот А.Д. се здобил со телесни повреди , констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.