Вчера околу 16:50 часот се случила тешка сообраќајна несреќа во Србија кога дирекно се судриле камион со загрепски регистерски таблички и автомобил со сомборска регистрација. Во несреќата загинал возачот на автомобилот.

Несреќата се случила на патот Суботица – Бајмок, на излезот за Таванкут, потврдија од полицијата за РТС.

Од силината на ударот се запалиле и двете возила. Возачот на автомобилот изгорел во возилото, а возачот на камионот со полесни повреди е пренесен во болница.

Вчера беше прекинат сообраќајот на патниот правец Суботица – Бајмок.