На Родос е укината вонредната состојба која беше прогласена на територијата на грчкиот остров девет дена по избувнувањето на пожарот кој предизвика големи штети.

Директорот на Националната асоцијација на туристички агенции, Александар Сеничиќ, во изјава дадена до медиумите рече дека животот на Родос се враќа во сосема нормален режим, вклучително и регионите кои беа зафатени од пожарот.

„Жителите на Родос, кои херојски се справија со тешкотиите во овие тешки денови, заедно со грчката држава со нетрпение очекуваат да продолжат да даваат услуги и единствено гостопримство за странските туристи“, се наведува во соопштението.