Во несреќата, учествувале две патнички моторни возила, едното од Дебар, а другото од село Новак, општина Центар Жупа.

– По дојава од граѓанин веднаш на местото на настанот испративме возило за брза помош. Повредени се седум лица, од нив две потешко, додека петмина се со полесни повреди. На сите им е дадена соодветна здравствена услуга. Еден од повредените, жител на Дебар, кој имаше тешки повреди е транспортиран во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, додека жена од Новак, е под наша опсеврација во хируршкото одделение, но доколку има потреба и неа ќе ја транспортираме во друга соодветна установа, изјави за МИА Баки Алили, директор на општата болница со проширена дејност во Дебар.

Останатите пет лица се соодветно третирани и се во добра здравствена сосотјба, но поради стресот што го преживеале, според Алили, ќе останат неколку часа во болницата, по што ќе заминат во своите домови.

На местото на настанот се врши увид, а сообраќајот се пренасочува преку населбата Венец два.