Вчера во 08.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, кај с.Желино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(19) од с.Требош и товарно моторно возило „сканиа“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Љ.Т.(50) од с.Сараќино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.К. констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.