Тетово и денеска без вода заради проблем на улицата Александар Јовановски-Журчин
Жителите на Тетово веќе два дена се соочуваат со прекин во водоснабдувањето поради голем дефект на една од главните водоводни цевки со пречник Ф400. Дефектот се наоѓа на улицата Александар Јовановски-Журчин во Горна Чаршија, каде екипите на ЈКП „Шар“ вчера работеа од раните утрински до попладневните часови.
Прекин на водата и денеска
И покрај континуираната работа, комуналното претпријатие соопшти дека санирањето на старата водоводна линија не е целосно завршено. И денеска Тетово е без вода. Целта е да се обезбеди сигурно функционирање на системот. Затоа граѓаните со привремен прекин на водоснабдувањето во целиот град.
Нова водоводна мрежа за 3.000 домаќинства
На 11 август, ЈКП „Шар“ го изврши поврзувањето на новоизградената водоводна мрежа, која треба да обезбеди вода за 3.000 домаќинства во населбата позната како 146.