Тетово ќе гради нов модерен стадион за сума од 10 милиони евра со капацитет од 12.000 седишта, а ова го објави градоначалникот Касами. Тој истакна дека деновиве ќе биде објавен тендерот по кој ќе биде избран изведувачот со што веднаш ќе стартуваат активностите за изградба на стадион согласно најсовремените стандарди на УЕФА.

„Наскоро ќе го дознаеме името на изведувачот кој ќе го гради новиот стадион во Тетово. Тоа ќе биде модерен најсовремен стадион според сите стандарди на УЕФА со цел Шкендија на него да може да ги игра европските натпревари, а секако согласно сите стандарди за настапи и на репрезентацијата на Македонија“ – соопшти Касами.

Стадионот ќе биде со модерен подтрибински простор како и ВИП простории, а вкупната сума за изградба треба да изнесува околу 10 милиони евра.