На 10.03.2022 околу 15:30 часот во Скопје од полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Карпош лишени од слобода се С.Д.(19), и тројца малолетници од кои еден на 12 и двајца на 16 годишна возраст сите од Скопје.

Г.К.(55) од Скопје пријавил дека околу 14:40 часот во барака на подрачје на Карпош ги затекнал како одземаат предмети од бараката и гаражата, по што бил физички нападнат од пријавените, а еден од нив употребил и тврд предмет.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.