Неверојатни приказни доаѓаат од Турција и од Сирија, земјите кои беа погодени од разорен земјотрес во понеделникот наутро.
Така во храдот Хајат од урнатините денеска е извлечен 8-годишниот Јигит Чакмак.
Малиот Јигит го пренеле до мајката која ја следеше акцијата на спасувачите, а годочека во голема прегратка својот син.
Со надчовечки напори дури 56 часа после потресот, од рушевините од градот Кахраманмараш е извлече 16-годишниот Махмут Салман.
Пожртвуваните спасувачи го носеа на раце Махмут, кој после агонијата им се насмевна, и ја даде најубавата насмевка на светот.