Тодороска потенцира дека во новоформираниот предмет кој ќе се вика историја и општество, историјата ја има во т.н. национални стандарди кои треба да бидат новата наставна програма и истите се донесени надвор од сите норми.
– Ова е надвор од сите нормални ситуации. Секога сме гледале историската наука и учебникот по историја да биде убаво срочен и разбирлив, но ова е надвор од сите норми. Во МОН и БРО донеле национални стандарди за постигање на учебниците на крајот од основното образование. Во историја и општество за четврто одделение стои дека е поврзан со т.н. национални стандарди, но во нив историја нема. Ова е квази писание, не е настава програма, рече Тодороска.
Воедно, според неа уште еден доказ дека нема да се изучува историја е тоа што во нормативот за наставен кадар стои дека воспитно образовната програма може да изведува лие кое предава одделенска настава или е дипломиран педагог, но никаде во тој норматив не стои историчар.