Од УХМР информираат дека во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Од петок следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи. Во недела се очекува опаѓање на дневните температури.

Утре дневната темпратура ќе достигне до 21 степен, во четврток до 22, петок до 23 степени, сабота до 22 степени, во недела дневната ќе се движи од 11 ди 18 степени, а во понеделник од десет до 18 степени.

Утринските ќе бидат меѓу минус два до осум степени.