Адвокатот Александар Тортевски во емисијата 24 анализа во врска со барањето на Антикорупциска за одговорност за несреќата на Беса Транс во Бугарија истакна дека Оливер Спасовски има политичка одговорност и треба да понесе оставка зошто во неговото министерство организацијата не функционирала и некој затаил.
-Тој што го чувал документот за техничките проблеми на превозникот, тој има кривична одговорност зошто направи злоупотреба на службената положба, му овозможил на некој субјект да обавува дејност спротивно на законите. Сигурно е дека МВР потфрлиле. Ако министерот поднесе одговорност, тој има морална обврска да го расчисти случајот и да поднесе одговорност, рече Тортевски.