На 06.09.2026 околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште, 19-годишната Т.Д. од с.Црнилиште, светиниколско, управувајќи патничко возило „сеат“ со светиниколски регистарски ознаки, излетала од патот.

-Од здобиените повреди на местото на настанот, Т.Д. починала. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.