Двегодишно дете од Ресен, првично хоспитализирано во Битола па препратено за Скопје, починало синоќа на Детската клиника со ковид 19, дознава Слободен печат од свои болнички извори.
Според директорката на Клиниката, доктор Стојка Нацева Фуштиќ ковид не е причина за лошиот исход, иако брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето а негативен кај мајката.
-Детето нема медицинска историја кај нас бидејќи фамилијата живее во Германија. Од податоците што ги добивме има сериозни претходно дијагностицирани состојби, белодробна хипертонија, трахеомалација, оперирана срцева маана ВСД, заостаток во моторниот развој. Ковид сигурно не е причина за лошиот исход. Брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето а негативен кај мајката, изјави доктор Фуштиќ за Слободен печат.