Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со пат за село Породин кон Меџитлија.

Како што денеска информираа од МВР, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(42) од битолското село Кравари, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на лице место починал возачот И.С.

Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.