Почнало од пад на импровизиран кревет
Голема трагедија го потресе Вевчани и целиот охридски регион. Синоќа нешто по еден часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата од неговата мајка, а паднало од импровизиран кревет.
„Тешки повреди на главата, хематом и мозочно крварење“
Синоќа, нешто по еден часот по извршен хируршки зафат почина седум месечно бебе од Вевчани. Бебето било донесено претходниот ден од неговата мајка со тешки повреди на главата, хематом и мозочно крварење. Според нејзиниот исказ повредите настанале од пад на импровизиран кревет во нивниот ден.
Лекарите не успеале да го спасат бебето
Лекарите пробале да го спасат, дале максимални напори, но не успеале да го спасат. Во СВР Охрид ова било пријавено во 1 часот и 4 минути по полноќ.
ОЈО нареди обдукција на телото
ОЈО Охрид издаде наредба за обдукција на починатото седумесечно бебе, во болница било донесено со повреди на главата. Освен наредба за обдукција, издадена е и наредба за прибирање докази при што е прибавена, целокупната документација од болницата. Во меѓувреме, се вршат разговори со семејството и блиски лица, а се проверува и медицинската историја на фамилијата, поточно детето и мајката.