Деветнаесетгодишно момче од селото Миравци го загуби животот во раните утрински часови.  Aвтомобилот „БМВ“ што го управувал излетал од коловозот на регионалниот пат помеѓу Миравци и Давидово. Несреќата се случила околу 04:00 часот. Mомчето починало на самото место. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.

Според податоци од Секторот за внатрешни работи – Струмица, увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР – Гевгелија. Телото на починатиот е предадено на обдукција по наредба на обвинителството.

Трагедија кај Кичево: Три лица загинаа, шест повредени во тешка сообраќајна несреќа

Трагедијата потсетува на важноста на зголемена внимателност и одговорност во сообраќајот.  Oсобено на регионалните патишта кои се ризични поради инфраструктурата и високата брзина.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска на прес конференција изјави дека бројот на жртви во сообраќајот во земјава е на исто ниво како и минатата година, но со споредба со европските држави, ситуацијата е алармантна.

Извор: Сител