Планинар од Скопје е пронајден мртов во Националниот парк Пелистер. Првичните информации тврдат дека починатиот планинар бил постар скопјанец  со иницијали А.С. Битолскиот регионален ЦУК и МВР го пронашле телото кај месноста „Ловечка куќа“

Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ја повикал Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола, во која има тим за спасување на планина, да го однесат телото на починатиот до најблиското место достапно за автомобили на Итна медицинска помош

Делегација на Министерството за внатрешни работи треба да ја истражи смртта на планинарот.

Телото е пронајдено на 2.000 метри надморска височина во регионот „Ловечка куќа“.

Извор: +INFO