Во потрагата по исчезнатите учествуваат два брода и хеликоптери на морнарицата.
Досега, како што наведува индиската морнарица, спасени се 177 лица од бродот, што полека отплови и потоа потона во близина на Бомбај Хај, крајбрежно нафтено поле со кое управува корпорацијата за нафта и природен гас.
-Многу од персоналот, што носи елеци за спасување, најверојатно се наоѓа во вода. Морето е немирно, со силни ветрови и високи бранови, па спасувањата во овие екстремно предизвикувачки околности ќе продолжат и во текот на денот, изјави за ДПА портпаролот на морнарицата Вивек Мадвал.
Обилните дождови предизвикани од циклонот Тауктае во Арапското море, во последните неколку дена предизвикаа поплави во Индија. Циклонот, со налети на ветрот од над 140 километри на час, вчера го погоди индискиот брег во сојузната држава Гуџарат.
Повеќе од 200.000 лица се евакуирани од своите домови.