Демократски сојуз има сосема кристални ставови околу релациите со Бугарија. Ние сме за платформа, имаме црвени линии и ниту една остапка не треба да правиме наспроти Бугарија, вели Трајанов во коментар за одлуката за менувањето на терминот „бугарски фашистички окупатор“ во учебниците по историја, но и од спомениците во Македонија.

Трајанов потенцира дека нема што да се разговара за вакви прашања.

Историските факти не можат да се ревидираат со политичка одлука. Бугарија била окупатор на оваа територија во тоа време и сакала да се претстави како ослободител. Тоа не може никој да го избрише од меморијата и пишаните факти, рече тој.