Го разбирам Шилегов кој што фатен во тесно на секој начин бара оправдание, но тука има два моменти на коишто морам да укажам, стои во Фејсбук статусот на Коце Трајановски.
– Прво, Шилегов заборави или намерно не ја покажа цената по која што е склучен договорот. Да појаснам:
– имавме двајца пријавено на електронска аукција
– предвидената цена беше околу еден милион денари
– фирмата Флај Кем ја
намали цената на околу 400.000 ден т.е за повеќе од50%, па врз основ на тоа го доби и тендерот.
Вториот, но за актуелниот скандал многу поважен момент во морална смисла е следното:
– Во декември 2015 година кога беше распишан тендерот, и 2016 година кога беше потпишан договорот, во тоа време Мила Царовска беше непозната во политиката, односно работеше во невладиниот сектор, пишува тој.
Вечерва на САМО ВИСТИНА Петре Шилегов прашан за етичката норма за нов тендер од 1.000.000 денари за партнерот на…
Posted by Коце Трајановски on Tuesday, March 23, 2021
Трајановски пишува наместо да се вади на потписи од него и на флоскулата “и тие така правеа” Петре Шилегов мора да даде релевантен одговор дали во ова време на економска рецесија и време на здравствен траор за граѓаните, тој мораше да отвори тендер за да во изборна година се најде ангажман за животниот партнер на Мила Царовска, актуелен министер во владата, и сопартиец на Петре Шилегов?
– Притоа, мора да одговори, ако партнерот на Царовска за да добие тендер можел да намали цена на под 50% од еден милион денари, зошто тоа не го направил и сега, прашува тој.