Трајановски вели дека за таа јавна набавка ден денешен чека кабинетот на градоначалникот како советник да му одобри увид во документацијата, но истата се крие.

– Има јавна набавка која се повторува. Увидов дека сумата се пресликува секоја година и тоа паушал кој е договорен со правно лице. Во 2020 година набавката се дели на две ставки годишно и секогаш се јавува истата фирма и никогаш не се јавува конкурент. Кога ќе ја видите спецификацијата таму се околу 14 чешми од еден тип и уште 17 друг тип, за пиење вода, и прашањето е дали се нови или реновирани, и бараме документација за реализација на услугата. Носителот е должен да достави документација за сработеното, потенцира Трајановски.

Трајановски потенцира дека се што прави Шилегов е само популизам, но ништо не е сработено, како на пример Универзална сала која требаше да биде реконструирана, а сега пак се ветува.

Се е тоа популизам. Ветува тунели под Кале, а овие 4 години не изградија ништо повисоко од 20 центриметри. Како што беше и за Зиплајнот, си пуштија проекција си аплаудираа како во едноумие, а ништо не се работи. Исто и трамвајот кој Шилегов го најави не е трамвај, туку автобус. Самото име Бас Рапид Систем кажува дека е автобус, а не трамвај, да не зборуваме дека нема шини туку тркала и за истото ќе се уништува зеленилото на средина на Партизанска. Да не зборуваме дека со тоа што ќе вози на средина ќе ги изложи граѓаните на опасност, и очекуваат сите да мижиме на тоа, нагласи Трајановски.