Започнаа градежните активности за реконструкција на влезовите во Велес, тоа се патните правци 1102 (Велес – Башино Село) и Р1312 (клучка Башино Село – мост на река Вардар).
-Денес започнавме со есенската градежна офанзива, започнуваме со рехабилитација на влезовите во градот Велес, вкупната инвестиција изнесува 44 милиони денари.
Во периодот што следи најавувам реализација на проекти на територијата на целата држава, а кои се предвидени во програмата за оддржување и заштита на државните патишта за 2024 година, објави Коце Трајановски, Директор на Јавно претпријатие за државни патишта на својот фејсбук профил.
-Јавното претпријатие за државни патишта продолжува засилено да работи на инфраструктурни проекти. Овојпат тоа е инфраструктурна инвестиција во Велес со поддршка вредна 44 милиони денари, стои во објавата на претпријатието.
Градежните активности ги изведува Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – подружница Велес.