Ова беше дуел во кој можевме да почувствуваме како е да се игра на најголемата сцена на континентален собир и истиот треба да ни помогне во иднина и да се прикажене во подобро светло на престојните мечеви против Украина и Холандија.
Напаѓачот Александар Трајковски е оптимист и верува дека ќе го прикажеме најдобро од нас.
– Оваа Македонија никогаш не се предава, имаме уште два натпревари до крај, ќе видиме што ќе се случи. Атмосферата останува иста, мотивирани сме затоа што знаеме дека имаме шанса да поминеме понатаму. Нема потреба да паѓаме доле, главата горе, – вели Трајковски за кого битката со Украинците ќе биде клучна.
– Тоа ќе биде клучен натпревар. Потоа се соочуваме и со Холандија, но ако ја победиме Украина имаме големи шанси да ја поминеме групата. Мора да се фокусираме на таа средба, – рече членот на Мајорка кој им се заблагодари на сите фанови кои дојдоа во Букурешт да ги поддржат.