Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа првиот тренинг во пресрет на мечот против Украина во октомврискиот циклус од квалификациите за ЕВРО 2024. На сите им е јасно колку е вежен претстојниот дуел во Прага за нашиот национален тим, тоа го потенцира и новиот напаѓач на Хајдук, Александар Трајковски.

„Се фокусираме на мечот против Украина, ќе го анализираме противникот и ќе се обидеме да победиме. Овој дуел е навистина многу важен за нас и ќе сториме сѐ да победиме. На првиот натпревар со Украина доминиравме до 60. минута. Сега играме на гостински терен, но тоа е непознат терен и за Украинците. Верувам дека со позитивен дух и максимален фокус, можеме да стигнеме до посакуваната цел“, изјави Александар Трајковски.

Натпреварот меѓу Украина и Македонија се игра в сабота, со почеток во 15 часот, во Прага каде украинската селекција игра како домаќин поради воениот конфликт со Русија.