-Првата личност која го поздрави Бајден беше Биби Нетанјаху, личноста за која направив повеќе од кој било друг со која работев… Биби можеше да молчи. Но, тој направи ужасна грешка. Направи ужасна грешка, рече Трамп, пренесе Аксиос.
Трамп рече дека оттогаш не разговарал со него.Додавајќи ,,Нека оди по ѓаволите.”
Поранешниот американски претседател, истовремено, истакна дека „сè уште му се допаѓа Нетанјаху, но ја цени и лојалноста“.
-За разлика од Нетанјаху, руските претседатели Владимир Путин и Жаир Болсонаро не му честитаа веднаш на американскиот лидер, бидејќи веруваат дека изборите биле наместени, додаде Трамп.
Како што забележува Аксиос, Нетанјаху всушност не е првиот лидер кој му честита на Бајден за неговиот избор. Тој чекаше повеќе од 12 часа откако американските медиуми ги објавија изборните резултати.