За денеска е закажан телефонски разговор меѓу Трамп и Маск. Остануваат отворени многу прашања, а пред се: Дали ќе го решат меѓусебниот конфликт? Во продолжение може да прочитате повеќе околу како тоа настана тензијата меѓу нив и што претходи на телефонскиот разговор кој се очекува.
Размената на остри зборови може да доведе до разговор – но тензиите растат
Тензиите меѓу поранешниот американски претседател Доналд Трамп и технолошкиот милијардер Илон Маск продолжуваат да ескалираат, овојпат главно преку нивните платформи – Икс, чиј сопственик е Маск, и Трут Соушл, контролирана од Трамп. Сè почна со серија коментари што Маск ги објави во кои го оспоруваше успехот на Трамп и неговиот политички кредибилитет.
„Без мене, Трамп немаше ни шанса да победи. Ајде да не забораваме и дека неговото име се појавува во документите за Епстајн. Треба да се разгледа опцијата за негово отповикување“, објави Маск на Икс, предизвикувајќи бура реакции.
Трамп возврати со нова тирада и повик за укинување на субвенциите
Не останувајќи должен, Доналд Трамп одговори со навреди и политички повик до државата.
„Илон полуде. Барам да се укинат сите државни субвенции и поддршка за неговите компании. Доста е од неговите игри“, изјави Трамп на Трут Соушл, директно таргетирајќи го финансирањето на проектите на Маск.
„Трамп е во досиејата за Епштајн“: Маск продолжува со обвинувањата кон американскиот претседател
Пазарна реакција: Историски пад на Тесла
Ескалацијата не остана без економски последици. Акциите на Тесла вчера забележаа најголем дневен пад во историјата на компанијата – 14% или околу 150 милијарди долари од вкупната пазарна вредност.
Во контекстот на нивната претходна соработка, овој конфликт изгледа уште поизненадувачки. Маск беше меѓу клучните финансиери на изборната кампања на Трамп, а подоцна и советник, водечки фигура во агенцијата DOGE за намалување на јавните трошоци. Сепак, несогласувањата кулминираа откако Маск јавно го критикуваше новиот републикански даночен закон, оценувајќи дека ќе го зголеми јавниот долг на САД.