Изјава преку социјалната мрежа „Трут соушл“
Претседателот на САД Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа „Трут соушл“ во врска со случувањата во Ормускиот Теснец и тековната операција „Проект слобода“.
„Иран изврши напади на земји кои не се поврзани со бродови во операцијата ПРОЕКТ СЛОБОДА, вклучително и јужнокорејски товарен брод. Можеби е време Јужна Кореја да се придружи на мисијата! Погодивме седум мали ирански пловни објекти или, како што тие сакаат да ги нарекуваат „брзи чамци“. Тоа е сè што им остана. Освен јужнокорејскиот брод, во овој момент нема штета по пловните објекти кои поминуваат низ Теснината, објави Трамп.“
Тој најави дека американскиот министер за одбрана Пит Хегсет и началникот на Генералштабот на армијата Ден Кејн утре ќе одржат прес-конференција.
Инцидент со јужнокорејски брод
Претходно, јужнокорејските власти соопштија дека товарен брод бил погоден во близина на Ормускиот Теснец, при што дошло до експлозија.
Станува збор за бродот „ХММ Наму“, кој бил закотвен во водите кај Обединетите Арапски Емирати. На бродот имало 24 членови на екипажот, а според првичните информации нема повредени.
