Трамп го опиша разговорот меѓу двајцата како „многу добар“, пренесе Ројтерс.
Го ценам фактот што претседателот Зеленски одговори затоа што како следен претседател на Соединетите држави, ќе донесам мир во светот и ќе ставам крај на војната која однесе толку многу животи и уништи безброј невини семејства.Двете страни ќе можат да се здружат и да преговараат за договор што ќе стави крај на насилството и ќе го отвори патот за просперитет, рече Трамп во објавата на неговата платформа за социјални медиуми Thruth Social.
Трамп претходно изјави дека ќе стави крај на војната во Украина дури и пред да ја преземе функцијата следниот јануари, доколку победи на изборите на 5 ноември. Иако досега нема презентирано никакви конкретни предлози за политика, тој во интервју минатата година рече дека Украина можеби ќе треба да отстапи дел од својата територија за да постигне мировен договор.
Трамп додаде дека за време на телефонскиот разговор, Зеленски му честитал за претседателската номинација и го осудил обидот за атентат врз него минатата сабота.
Зеленски го потврди повикот.
„Се договоривме со претседателот Трамп да разговараме на личен состанок кои чекори можат да го направат мирот праведен и вистински траен. Ја забележав виталната двопартиска и дводомна американска поддршка за заштита на слободата и независноста на нашата нација“, напиша тој на Твитер.
Противењето на Трамп за воената помош за Украина ја зголеми загриженоста за американската поддршка за Киев доколку поранешниот претседател победи на изборите. На 18 јули, Зеленски дури изјави дека работата со администрацијата на Трамп би била „тешка“.
За време на неговиот говор за прифаќање за републиканската номинација, Трамп го повтори своето тврдење дека Русија немаше да ја започне инвазијата на Украина во февруари 2022 година, доколку тој беше претседател во тоа време. Минатата недела Трамп го угости унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој претходно овој месец се состана со Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, во неговата палата на Флорида.