Закани за можна воена акција доколку не се постигне договор
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави или ќе постигнат договор со Иран или ќе ја „довршат работата“, повторувајќи ја можноста за воена интервенција.
Индиректните разговори меѓу двете земји завршиле минатата недела без видлив напредок кон траен договор, и покрај претходно воспоставеното 60-дневно примирје кое требало да отвори простор за дипломатски решенија.
„Или ќе склучиме договор или ќе ја завршиме работата. Во ред. И нема да биде тешко да се заврши работата. Подобро би склучил договор затоа што не сакам да повредам 91 милион луѓе“, изјави Трамп.
Тврдења за воен капацитет и притисок врз Техеран
Американскиот претседател додаде дека американските сили имаат капацитет брзо да нанесат сериозна штета на иранската инфраструктура.
Тој наведе дека „за еден час можат да ги разнесат мостовите и да го прекинат снабдувањето со енергија во Иран“, нагласувајќи го воениот притисок како дел од пораката кон Техеран.
