Најавата на Амазон предизвика незадоволство во Белата куќа

Американскиот технолошки гигант Амазон најави дека наскоро ќе прикажува колкав дел од цената на производите произлегува од американските царини, што би им овозможило на купувачите да разберат како царинските давачки влијаат врз крајната цена.

Телефонски повик од Трамп до Безос

Според извори од Белата куќа за Си-Ен-Ен, поради оваа најава, претседателот Доналд Трамп му се јавил лично на сопственикот на Амазон, Џеф Безос. Тој изрази револт кон ваквата транспарентност околу царините.

Од лутина до пофалба

Иако првично бил лут, истиот ден Трамп ги смени тоновите, па во разговор со новинарите изјави:

„Безос беше многу љубезен, брзо го реши проблемот и постапи правилно. Многу добар човек“, пренесе Би-Би-Си.

Белата куќа: Потегот на Амазон е политички

Каролин Ливит, портпаролка на Белата куќа, ја обвини компанијата Амазон дека со овој потег прави политички маневри, наместо да дејствува кога администрацијата на Бајден се соочуваше со зголемена инфлација.

„Зошто Амазон не го направи ова кога инфлацијата беше на врвот за време на Бајден?“, праша Ливит на прес-конференција.

Извор: Фактор