Тој го повика главниот американски имунолог Ентони Фаучи (80), точно да објасни колку информации знаел за работите што се спроведуваат во Институтот за вирологија во Вухан.

Во својата изјава, Трамп го исмеја својот научен советник за пандемијата, тврдејќи дека спасил стотици илјади животи, спротивставувајќи се на упатствата на Фаучи во речиси секоја сфера, од затворањето на границите, до развојот на вакцините и носењето маски.

-Сега сите, дури и таканаречените ‘непријатели’, ќе почнат да зборуваат дека претседателот Трамп бил во право за кинескиот вирус, дека потекнува од лабораторија, додава тој.

Тој посочи:

-Кореспонденцијата меѓу Фаучи и Кина прегласно зборува сама за себе и некој не може да ја игнорира. Кина треба да плати 10 милијарди долари на Америка и на светот за смртта и уништувањето што ги предизвика

Републиканците тврдат дека електронските пораки докажуваат оти Фаучи знаел дека во лабораторијата во Вухан се вршат експерименти со генетски модифициран коронавирус.

Според нив, пораките исто така покажуваат дека тој бил предупреден за можноста вирусот „да избега“ од лабораторијата, иако во јавноста посотојано инсистираше на тоа дека пандемијата настанала природно, со пренесување на вирусот од животно на човек.

Докторката Ли-Менг Јанг, која меѓу првите зборуваше за теоријата дека вирусот потекнува од лабораторија, по објавувањето на електронските пораки на Фаучи, рече дека Ковид-19 е неограничено био-оружје и дека кинеската влада и одредени странски организации, како и некои научници прикриваат сè.

Ли-Менг Јанг обвини и дека Фаучи знаел за кинеското истражување дури и пред пандемијата.