Можеби немаше да присуствувам на самитот доколку не беше во Турција

Доналд Трамп денеска изјави дека е „многу разочаран“ од НАТО и дека САД не добиле доволна поддршка од своите сојузници, објави Ен-би-си.

На прес-конференција со Реџеп Таип Ердоган за време на самитот на НАТО во Анкара, Трамп рече дека можеби немало да присуствува на самитот доколку тој не се одржувал во Турција.

„Доколку не се одржеше во Турција, каде што мојот пријател е многу силен лидер, многу силна личност, веројатно немаше да присуствувам“, рече Трамп одговарајќи на прашање за можноста за повлекување на американските трупи од Европа.

Трамп смета дека сојузниците не ѝ дале доволна поддршка на Америка

Трамп ја критикуваше Алијансата, оценувајќи дека не ги поддржала САД во операциите против Иран.

„Не сме добро третирани затоа што направивме нешто во Иран“, рече Трамп, додавајќи дека САД инвестираат многу во НАТО за да ги заштитат европските земји, Канада и другите сојузници.

Тој оцени дека земјите членки треба да бидат поподготвени да му дадат поддршка на Вашингтон.

Според него, тоа во моментов не е случај.