Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас денеска изјави дека Лондон ќе продолжи да воведува нови санкции кон Москва сè додека Русија целосно не се повлече од Украина.
– Ќе продолжиме да воведуваме санкции, ќе продолжиме да го запираме увозот на стоки од Русија, додека не видиме дека Русија целосно се повлекува од Украина, истакна Трас пред британските пратеници.
Таа најави и дека Велика Британија ќе продолжи да испраќа оружје во Украина.
– Одлучивме да обезбедиме повеќе оружје, да воведеме повеќе санкции и да ја поддржиме Украина да ја истисне Русија од нејзината територија, посочи Трас.