Трет Њутнов закон – акција и реакција: Македонецот повеќе нема да молчи!

Откако имаме смирени страсти време е убаво да го продискутираме она што се случуваше на Денот на албанското знаме. Целта на „прославата“ не беше никаква прослава, туку провокација. Прослава на знаме се прави со културни настани, со посета на историски локалитети и музеи, но не со автомобилски караван, а уште помалку со ПУКАЊЕ СО РАФАЛИ И ПАЛЕЊЕ МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ. Целта беше провоцирање мислејќи дека тоа ќе помине пасивно.

Пишува: Никола Николовски

Третиот Њутнов закон гласи: „За секоја акција постои еднаква и спротивна реакција“, како за физичките појави, така и за настани од секојдневието.

Палењето македонско знаме и кинење на истото и рафалите нѐ испровоцираа нас како Македонци да покажеме заби. Затоа излегоа и видеата од палење на знаме на УЧК – како реакција! Помина времето кога Македончето беше во зимски сон. Македончето станува Македонец. Националното чувство е повеќе развиено од кога било досега. Мислам дека полицијата требаше повеќе да „покаже заби“, но факт е дека истата прослава имаше политички мотиви – дел од уапсените се пријатели со Артан Груби. Сепак сите знаеме дека Албанците како Албанци кога станува збор за идеологија не гледаат партија. Не гледаат ДУИ/ВЛЕН, гледаат интерес.

Ќе направам една паралела и ќе дадам пример со фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново. Во Арачиново секоја фамилија, без разлика дали е дома или во дијаспората мора да ДОНИРА за фудбалскиот клуб. Затоа Шкендија Арачиново доминира во трета лига и на пат е кон втора лига. Е сега, наместо да имаме празни зборови и пцуење кон нив дајте да земеме пример. Да се сплотиме, да помагаме за наши клубови, за наши манифестации и празници. Еве, на 2 август да одиме за Крушево наместо Халкидики, на 4 мај на гробот на Гоце Делчев наместо дома зад тастатура, да помагаме за црквите и сѐ она што промовира македонизам.

Веењето на албанските знамиња треба да нѐ натера да останеме овде. Да сфатиме дека за Македонецот друго место освен Македонија нема, дека овде мора да стопанисуваме и да развиваме бизниси и ФАМИЛИЈА.

Темава е опширна, но засега толку. Да бидеме достоинствени и горди, но да работиме и со дела.

Боемот 2.0

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)