Вработените во агенцијата го започнаа својот предупредувачки протест на 27 јули и алармираа дека МИА се соочува со одлив на кадар поради потпросечните плати и поради неодобрување на вработувања. Порачаа и дека се соочуваат со повеќе горливи пршања, но приоритетни им се платите.
Вработените во Медиумската информативна агенција (МИА) денеска излегоа на третиот предупредувачки протест пред просториите на агенцијата. Велат дека Владата сè уште не одговорила на нивните барања, меѓу кои и за зголемување на платите за 30 проценти и порамнување со трошоците на живот.
Тие се надеваат дека набрзо ќе има позитивна разрешница на барањето за покачување на платите, кое како што велат, е легитимно со оглед на тоа што МИА дневно продуцира околу 400 вести на македонски, албански и на англиски јазик и е главен извор на вести во медиумскиот простор, како во државата така и во регионот.
Вработените во агенцијата го започнаа својот предупредувачки протест на 27 јули. Алармираа дека МИА се соочува со одлив на кадар поради потпросечните плати и поради неодобрување на вработувања. Порачаа и дека се соочуваат со повеќе горливи пршања, но приоритетни им се платите.
Откако го започнаа предупредувачкиот протест, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги оцени за легитимни барањата на вработените во агенцијата и потенцира дека слободата на медиумите и борбата против лажни вести не се можни ако медиумските работници имаат потпросечни плати.