На Техничкит факултет во Битола има место за уште 301 студент во трите категории за студирање, односно, за редовни и вонредни студенти, како и за упис со надомест, односно школарина за студирање. Со исти услови може да се запишат уште 146 студенти на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, како и 51 студент на Технолошко-техничкиот факултет во Велес.
Слободни места за упис има и на Економски факултет во Прилеп каде може да се запишат уште 170 студенти, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид слободни се 235 места, на Педагошки факултет во Битола 115 места, а 84 празни индекси има и на Факултет за безбедност во Скопје.
Во третиот уписен рок, Правен факултет – Кичево, како членка на УКЛО – Битола објави 272 слободни места, факултетот за Биотехнички науки има 115 слободни места, а Ветеринарен факултет може да запише уште 33 студенти. Слободни места има и на Високата медицинска школа каде може да се запишат уште 113 студенти во трите категории за студирање.
Запишувањето на кандидатите ќе се врши на 1. октомври, посочуваат од Универзитетот „Св.Климент Охридски” – Битола.