Според информациите, патничко возило „цитроен“, управувано од А.М.(31) од нас.Оризари, излетало надвор од коловозот.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.С.(21), а со телесни повреди се здобиле уште две сопатнички А.А.(23) и Д.С.(25), сите три од Кочани, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кочани“ соопшти МВР.